« следваща | 12 Декември 2005.г. | предишна »
Саем на општините „ЗЕЛС ЕКСПО 2005“

На 9 и 10 декември 2005 година се одржа третиот по ред Саем на општините ,,ЗЕЛС ЕКСПО 2005”. На саемот учество земаа повеќе од педесет општини, како и претставници на странски организации присутни во земјава и претставници од бизнис секоторот во општините. Саемот го отвори Министерот за локална самоуправа, г-дин Ризван Сулејмани, при што присутните ги поздрави и претстадателот на ЗЕЛС г-дин, Андреј Петров. На отворањето присуствуваше и Претсадателот на Република Македонија, г-дин Бранко Црвенковски, на кој Министерот Сулејмани му ја врчи првата изработена карта со новата територијална поделба на општините во Р.М.

На Саемот освен поединечното претставување на секоја општина на својот штанд, учесниците се претставија со 30 минутна културно уметничка програма на бината, а исто така беа одржани и 22 презентации во Панел салата. Всушност повеќе општини презентираа свои позначајни проекти, но исто така имаше дискусија на тема -,,Дали и како НВО секторот може да стане партнер на локалната самоуправа,, во организација на ФИООМ, потоа излагање за едношашлтерскиот систем од претставници од Централниот регистар, ВНГ Интернационал и УНДП имаа свои презентации, а во организација на ЗЕЛС и Скопски саем, Словенечката занаетчиска комора, презентираше - „Можностите за воспоставување на деловни контакти помеѓу малите стопснатвеници од Р. Словенија и Р. Македонија“

ЗЕЛС ЕКСПО 2005 го посети и Премиерот г-дин, Владо Бучковски, кој имаше едночасовна обиколка на општините учеснички на Саемот.

© 2005 Финсис. Всички права запазени.